Skip to main content

„Приказната на Стрејт“ во сеќавање на Дејвид Линч вечерва во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, во чест на неодамна починатиот американски режисер, глумец и сценарист Дејвид Линч, ќе биде прикажан филмот „Приказната на Стрејт“.

Алвин Стрејт (Ричард Фарнсворт), старец со нарушено здравје, дознава дека неговиот отуѓен брат доживеал срцев удар. Бидејќи нема автомобилска дозвола, тој решава да тргне на 500 километарско патување од Ајова до Висконсин – возејќи косилка за трева. По патот, запознава различни луѓе, оставајќи трага во нивните животи, додека сам се соочува со своето минато.

Филмот е исклучителен поради својата едноставност и искреност, а емотивниот настап на Фарнсворт му дава дополнителна тежина. За разлика од неговите типично надреални и мистериозни филмови, Дејвид Линч во Приказната на Стрејт (The Straight Story) создава топла, хуманистичка приказна базирана на вистински настан. Овој необично мирен и емотивен филм е интимна медитација за староста, помирувањето и едноставната убавина на животот. Со минималистичка, но моќна режија, Линч ни нуди трогателно патување, кое е истовремено и физичко и духовно.

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

ИН МЕМОРИАМ ДЕЈВИД ЛИНЧ

„ПРИКАЗНАТА ЗА СТРЕЈТ“

(The Straight Story)

Игран филм, САД, Франција

1999, 112 мин., колор, ДЦП

Режија: Дејвид Линч (David Lynch)

Сценарио Џон Роуч, Мери Свини (John Roach, Mary Sweney)

Улоги Ричард Фарнсворт, Сиси Спејсек, Хари Дин Стентон (Richard Farnsworth, Sissy Spacek, Harry Dean Stanton)

Поврзани вести