
Хрватската Служба за борба против корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) приведе околу 60 луѓе поради затајување на данок и корупција.
Најголем број луѓе се приведени во Загреб, а потоа во Сплит. Припадниците на УСКОК извршуваат претреси во домовите и канцелариите на осомничените.
Според неофицијални информации акцијата е преземена поради „основно сомневање“ за т.н. кружна измама, што е фиктивна трговија меѓу фирми и затајување на данокот на додадена вредност (ДДВ)
По сослушувањето на осомничените, УСКОК ќе одлучи за понатамошните дејствија.