Skip to main content

Русија трајно му забрани влез во земјата на шефот на јапонската дипломатија

Русија воведе трајна забрана за влез на јапонскиот министер за надворешни работи Такеши Иваја, како одговор на континуираните санкции воведувани од Јапонија кон Русија поради војната во Украина.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека на црната листа се и јапонскиот амбасадор во Украина, Масаши Накагоме, поранешниот амбасадор Кунинори Мацуда и високи претставници на Јапонската агенција за меѓународна соработка.

Забрана за влез во Русија е воведена и за челниците на големите јапонски корпорации, вклучувајќи ги корпорацијата „IHI“, „ISUZU Motors“, „Prodrone“ и „Cyberdyne“. Официјална Москва го обвини Токио дека следи антируски курс под притисок на Западот и предупреди на дополнителни последици доколку Јапонија продолжи со својата рестриктивна политика.

Јапонија воведе повеќе пакети санкции кон Русија од почетокот на војната во Украина во 2022 година, насочени кон функционери, финансиски институции и клучни индустрии. 

Поврзани вести