Skip to main content

Заменик-министерот за внатрешни работи Исени во посета на СВР Скопје

Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи Скопје каде беа разгледани актуелните состојби во најголемиот сектор за внатрешни работи, предизвиците со кои се соочуваат како недостаток на кадар и можностите за нивно решавање.  

-И покрај предизвиците со кои се соочува СВР Скопје констатиравме дека безбедноста во градот е добра и сите капацитети на СВР Скопје се во функција да се обезбеди сигурноста на граѓаните. Воедно, изразив  убедување дека СВР Скопје со крајна професионалност  ќе продолжи со истата динамика на работа, расчистување на кривичните дела и обезбедување на јавниот ред и мир  и стабилноста во градот Скопје во интерес на граѓаните на Република Македонија, потенцираше заменик-министерот Исени.

Оваа средба е дел од низата средби кои ќе бидат направени во секторите за внатрешни работи за запознавање со состојбите во сите сектори и организациски единици на МВР.

Поврзани вести