
Скијачот од Бугарија, Константин Стоилов (роден 2002 година) беше најбрз на двете денешни трки во слалом во рамки на 41-то издание на Шарпланинскиот куп. Тој двете трки ги извози со вкупно време од 1 минута 32 секунди и 76 стотинки. Второто место и третото место исто така ги освоија скијачи од Бугарија, Марко Семерџиев (2005) со време од 1:34:04 и Иван Главчев (2004) со 1:34:83.
Од македонските скијачи најдобро време во двете трки имаше Мирко Лазарески (2003) кој го освои четвртото место место. Двете трки ги завршија вкупно 15 скијачи.
Во женска конкуренција победи Лирика Дева (родена 2006 година) од Република Косово со вкупно време од 1 минута 46 секунди и 41 стотинка. Вторa беше Миа Паул (2007) од Бугарија, а третата позиција ја освои македонската скијачка Ева Милевска (2007). Двете трки ги завршија вкупно четири скијачки, а вкупно пет настапија.
Настапија вкупно 37 натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Грција, Романија, Косово и Кипар. Утре исто така ќе се натпреваруваат во слалом. Овогодишното издание на Шарпланински куп се одржува по 12 години пауза од 2013 година.