
Согласно Решението на Министерството за култура и туризам, за проекти од национален интерес во културата за 2025 година кои се содржани во Нацрт-годишната програма за работа на НУ Народен театар Битола за 2025 година се избираат следниве проекти:
од областа драмска дејност:
1. „Црно семе“ – според романот на Ташко Георгиевски (праизведба), режија: Андреј Цветановски, буџет: 1.250.000 денари
2. „ Кога ние мртвите ќе се разбудиме“ – Хенрик Ибзен, режија: Оливер Мицевски, буџет: 500.000 денари
3. „Магбет“ – Вилијам Шекспир, режија: Сабо К. Иштван (Унгарија), буџет: 1.250.000 денари
4. „Госпоѓа Бовари“ – Густав Флобер, режија: Дејан Пројковски, буџет: 1.800.000 денари
од областа фестивали и манифестации:
1. 11то издание на „Битола Шекспир Фестивал“, буџет: 800.000 денари
од областа на меѓународна дејност:
1. Гостување со претставата „Галеб“ на фестивал во Ереван, Ерменија, буџет: 410.000 денари
Согласно Одлуката на уметничкиот совет по предлог Годишната програма за работа на НУ Народен театар Битола за 2025 година доставена од страна на директорот и Одлуката на Управниот одбор на НУ Народен театар Битола се прифаќаат, за реализација од сопствени средства, следните проекти:
1. „Којзнае зошто?“ – според расказот „Сонот на смешниот човек“ Ф.А. Достоевски, режија: Дамјан Читкушев, копродукција Здружение Купола Штип – независна сцена
2. „Жиголо“ – Игор Кузмановски (праизведба), режија: Благој Мицевски
3. „Чорбаџи Теодос“ – Васил Иљоски, режија: Дамјан Димовски
4. „Рибарски караници“ – Карло Голдони, режија: Јован Ристовски
5. „Пламенка“ – според романот на Петре Димовски (праизведба), режија: Софија Ристевска Петрушева, копродукција ЗИУ Интимен театар Битола – независна сцена
6. „Пипи Долгиот Чорап“ – Астрид Линдгрен, авторската екипа ќе биде избрана преку интерен оглас на НУ Народен театар Битола