Skip to main content

Запознајте го Себастијан Баез кој оди кон топ 10

 Аргентинскиот тенисер Себастијан Баез го освои трофејот на турнирот во Рио де Жанеиро (Бразил).

Во финалето синоќа Баез го победи Французинот Александре Мулер со 2-0, по естови 6:2 и 6:3. Мечот траеше 1 час и 27 минути. 

Дваесет и четиригодишниот Аргентинец имаше три аса и реализираше пет брејк топки од вкупно 12 шанси.

Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 2,4 милиони долари.

Ова е седма АТП титула за Баез.