Skip to main content

Орбан: Империјата има две глави и централа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека војната во Украина е при крај и дека Будимпешта никогаш нема да гласа за Киев да стане членка на ЕУ бидејќи тоа би било спротивно на интересите на Унгарија.

Во својот годишен говор тој се осврна и на конфликтот во Украина, нагласувајќи дека не се работи за војната, туку за она што следува по неа.

– Војната е при крај. Тука всушност не се работи за Украина, туку за војна околу територијата наречена Украина, која беше зона на конфликт меѓу НАТО и Русија, која беше под надзор на НАТО“, рече Орбан, додавајќи дека не разбира зошто европските и американските либерали мислат дека Русите ќе го гледаат ова тукутака, пренесе Хирадо.

Меѓу другото, Орбан истакна дека Американците сега ги извадиле „скелетите од плакарот“ и ја разоткриле длабоко корумпираната и репресивна машина на моќ која пумпала милијарди од американскиот буџет во псевдо-граѓанските организации, купувала новинари, судии и обвинители, политичари, фондации, бирократи – огромна машина која управувала со либералниот политички печат во светот. Тој смета дека целта на оваа машинерија е да ги угнетува нациите.

– Империјата има две глави и централа. Една глава е во Вашингтон, една во Брисел, а кешот на Сорос е тука во Будимпешта – изјави тој и нагласи дека ова е моментот кога „ние Унгарците сега… треба да си мислиме на нашата работа“.

– Ќе испратиме владин претставник во САД и ќе ги собереме сите податоци и докази во врска со Унгарија. Тогаш итно создаваме уставни и законски услови за да не стоиме со скрстени раце додека псевдо-граѓанските јавни организации им служат на странски интереси и организираат политички акции пред наши очи“, рече Орбан, додавајќи дека ќе направи се за да го заштити суверенитетот на државата и дека „ќе ја расчисти ситуацијата во рок од 20 недели“.

Орбан смета дека Унгарија сега мора да води континуирана и се повеќе разновидна битка со водачите на таа империја во Брисел.

– Вистината сега е на наша страна – нагласи Орбан, додавајќи дека тоа не е доволно, туку дека е потребно да се покаже сила за пресметката.

– Водеме пет големи битки со бриселските бирократи, иако не сакаме војна. Ние сме толерантен, мирољубив, побожен народ. Но, има работи што не можеме и нема да ги дозволиме“, рече Орбан, наведувајќи ги миграцијата и заштитата на децата како најголеми проблеми со кои во моментов се соочува Унгарија.

Поврзани вести