
САД денес поднесуваат нацрт-резолуција во ОН што користи помалку критички јазик кон целосната инвазија на Русија врз Украина од нацрт-резолуцијата што ја предложија Европската Унија и Украина.
Македонија е една од земјите коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина. Истовремено ЕУ, предводена од Германија и Франција, поднесува своја резолуција. Мицкоски рече дека очекува истата да биде поддржана од мнозинството во рамките на Обединетите нации.
Одлучивме да бидеме коспонзори на Резолуцијата која ја поднесуваат САД во ООН. Очекувам истата да биде поддржана од мнозинството на ООН, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за неутрална нацрт-резолуција за Украина предложена од САД. Како што објави агенцијата РИА Новости, соодветната нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН го отсликува документот на Генералното собрание на Светската организација предложен од САД.
САД за првпат одбија да бидат коавтор на нацрт-антируската резолуција на Генералното собрание на ОН за Украина и во документот предложен од нив не се обвинува Русија за почеток на конфликтот. Текстот на резолуцијата, исто така, изразува тага во врска со трагичната смрт на луѓето во руско-украинскиот конфликт и апелира за негов што побрз крај.
САД во четвртокот одбија да го поддржат текстот подготвен од Украина и ЕУ.