
Во моментов под истрага се над 100 лица од Србија. ФБИ и американските власти интензивно работат на решавање на случаите поврзани со злоупотреба на средствата на УСАИД, пишуваат српски медиуми.
Новиот директор на ФБИ, Кеш Пател, им порача на сите што ги земаа парите на Американците преку УСАИД дека ќе завршат зад решетки.

Подеднакво важна е и нашата национална безбедносна мисија. Секој што сака да му наштети на нашиот начин на живот и граѓаните ќе се соочи со целосниот гнев на Министерството за правда и Федералното биро за истраги. И ако барате да се скриете во кој било агол на оваа планета, ќе ја започнеме најголемата потрага во светот и ќе ве најдеме. Ќе се придржуваме до Уставот.