Skip to main content

Приказната за шајкачата – како српската традиционлана шапка го добила името

Шајкача е српска национална шапка што селаните од централна Србијаја носат и денес.

Материјалот на шапката е изработен од волна, така што таа е погодна за носење и во лето и во зима бидејќи одржува постојана температура на главата. Во зима, исто така страните на шајкачата може да паднат до ушите.

Најчесто се изработува во сиво-маслинеста боја, која се поврзува со војската, но може да биде и во други бои – сина или темносина.

Обликот на шајкачата донекаде потсетува на чамец, шајка. Се верува дека слични шапки носеле српските војници во речната морнарица на австро-унгарската граница – Шајкаши.

Поврзани вести