
На Европската унија и е потребен патриотски пресврт за да ја врати изгубената конкурентност, безбедност и влијание на светската сцена, порача денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Појавата на „нова глобална политичка реалност“ и нов лидер на Запад – американскиот претседател Доналд Трамп – значи дека патриотите станаа глобално мнозинство, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на австриската Партија на слободата, Кристијан Хафенекер.
Време е да се вратиме на основните вредности на демократијата во Европа, како и да ја почитуваме волјата на народот, што е можеби најважната фундаментална демократска вредност, рече Сијарто.