Skip to main content

Фински пратеник во ЕП: САД и дадоа рок од три недели на ЕУ да се договорат за условите за „предавање“ на Украина

Соединетите Американски Држави им дадоа рок од три недели на земјите од Европската унија да постигнат договор за „предавање“ на Украина, соопшти денеска финскиот пратеник во Европскиот парламент Мика Алтола.

„САД ни дадоа три недели да се договориме за условите за предавање на Украина. Ако не го сториме тоа, САД ќе се повлечат од Европа“, напиша Алтола на својот профил на мрежата Икс.

Тој оцени дека за американскиот претседател Доналд Трамп безбедноста на Русија е приоритет и сега и во иднина.

„Имаме три недели да пораснеме“, напиша Алтола, инаку член на Европската народна партија (ЕПП), пренесува Танјуг.

Минатата недела Трамп ги изненади Европејците со тоа што се согласи на билатерални мировни преговори со Русија за да се стави крај на војната во Украина, без учество на Украина, што ја зголеми загриженоста во ЕУ дека неговиот пристап за ставање крај на конфликтот ќе биде од корист за Русија.

Поврзани вести