Skip to main content

Дефект на трафостаница во Тетово, без струја околу 5000 корисници

Голем дел од Тетово од изутрината во 9 часот е без електрична енергија поради дефект на трафостаница. Според компанијата Електродистрибуција, околу 5000 корисници немаат снабдување со електрична енергија, а се работи на терен за отстранување на дефектот.

Денеска околу 9 часот настана голем дефект на 110кВ трафостаница „Тетово 1” и како последица, без снабдување со електрична енергија остана голем дел од градското подрачје. За 10 минути беше вратено снабдувањето за поголемиот дел од корисниците, а моментално без напон се околу 5000 корисници, информираат од компанијата Електродистрибуција при ЕВН Македонија, која управува со дистрибутивната мрежа.

Дефект на трафостаница во септември 2024 година остави 30 часа дел од Тетово без електрична енергија.

Поврзани вести