
Сашо Ордановски, кој важи за близок до СДСМ излезе со шокантни тврдења и навреди дека американскиот претседател Доналд Трамп е „рекетар и неонацист, кој лаже“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по интервјуто на новинарот за „Само вистина“.
Од СДСМ нема ниту збор за ваквите навреди, ниту осуда и ниту јавно оградување, што значи дека оваа партија и Венко Филипче се согласуваат со ваквите навреди кон важните стратешки партнери на државата. Оттука јавно прашуваме дали ова не е јасно скршнување од прозападниот курс на СДСМ? Кој е ставот на Венко Филипче за ваквите навреди? Зошто се толку возбудени и нервозни доскорешните апологети на СДСМ? Дали по примерот на Апасиев и Венко Филипче скршнува од прозападниот курс и смета дека американскиот претседател е неонацист и лажго?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ одговорија:
Поврзувањето на изјавите на новинарот Ордановски со политиките на СДСМ во однос на прозападниот курс на државата се очаен обид да ги скријат сопствените неуспеси. Ова е уште една потврда дека освен манипулации, друга политика немаат да понудат.
Од „Бихаќка“ се децидни дека СДСМ е единствена партија која во континуитет ги негува прозападните вредности, која го изгради стратешкото партнерство со САД и ги реализираше евроинтегративните аспирации на земјата.