
Балетот „Велеградски варијации“, на композиторот Љубомир Бранѓолица, за првпат поставен во 1959 години, се реобнови по шеесет и шест години и се изведе деновиве на сцената на НОБ и во чест на јубилеите – 90 години од раѓањето на балерината Емилија Џипунова и 80 години од раѓањето на танчарот и прв директор на Балетот на Македонскиот народен театар, Антон Баталаков.
За да не ги изгубиме мораме да создаваме меморија за изведбите, но и за значајни личности кои оставиле силен белег во танцовата култура, какви што се Емилија Џипунова и Антон Баталаков, изјави професорката Соња Здравкова-Џепароска за концертот што е случи во организација на Факултетот за музичка уметност
На малата сцена на Националната опера и балет, на 17 февруари, се одржа концертот „T-ripple Tribute“ (Ти-рипл трибјут) во организација на Катедрата за балетска педагогија на Факултетот за музичка уметност. Овој концерт, кој традиционално се одржува во период јануари – февруари, секоја година се посветува на значајни личности од македонската култура.
Концертот беше навраќање кон делото на композиторот Љубомир Бранѓолица преку неговите „Велеградски варијации“, балет поставен 1959 години и реобновен шеесет и шест години подоцна. Новата кореографија вклучи делови кои се зачувани од оригиналната поставка на Олга Милосавлева. На оваа верзија како тим работеа Александра Мијалкова, Соња Здравквоа-Џепароска, Елизабет Колевска, Сања Шутевска, Дарија Џепароска, студентите од катедрата за балетска педагогија на ФМУ, учениците од основното и средното училиште ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ балетски оддел, студенти по актерска игра од Еуропа Прима и балетското студио „Аврора“.