Skip to main content

 Кето-чизкејк – десерт што не дебелее

Фото: Pexels/Valeria Boltneva

Колачињата без шеќер стануваат сè попопуларни, особено меѓу поддржувачите на здравата исхрана, а ако можете да уживате во омилениот десерт без страв дека ќе се здебелите, тогаш тоа е сигурен хит.

Кето-чизкејкот стана најомилено и најслатко решение, а се приготвува многу лесно и брзо, по овој рецепт.

Состојки:

1/2 шолја бадемово брашно
1/2 шолја кокосово брашно
1/4 чаша рендан кокос
1/2 чаша истопен путер (околу 50 грама)
240 грама крем-сирење, омекнато на собна температура
480 грама павлака, на собна температура
1 лажичка стевиа
2 лажички чист екстракт од ванила
3 големи јајца

Приготвување:

Кора: Загрејте ја рерната на 180 степени. Направете ја кората. Намачкајте го калапот за торта и покријте го дното и страните со фолија. Во средна чинија, добро измешајте ги брашното, кокосот и путерот да се соединат. Притиснете ја кората во дното на калапот. Ставете го во фрижидер додека го правите филот.

Фил: Во поголем сад изматете ги крем-сирењето и павлаката, а потоа изматете ги стевијата и ванилата. Додајте ги јајцата, едно по едно, мешајќи по секое додавање. Над кората рамномерно распоредете го филот.

Ставете го чизкејкот во калап во длабока тава за печење и ставете го на средната решетка од рерната. Внимателно истурете доволно зовриена вода во тавата, така што водата да стигне до половина од садот за печење. Печете 60 до 80 минути.

Исклучете ја рерната, но оставете го колачот во рерна со малку подотворена врата да се лади полека еден час.

Извадете го листот за печење од водената бања создадена во вашата рерна и отстранете ја фолијата, а потоа оставете да се излади во фрижидер преку ноќ. Украсете со јагоди.


Извор: Убавина и здравје