Skip to main content

Русија во декември повторно беше главен снабдувач на гас во ЕУ

Русија во декември повторно била главен снабдувач на гас за Европската Унија во монетарна смисла. Рускиот гас сочинувал четвртина од вкупниот европски увоз на сино гориво, покажуваат податоците на Евростат.

Русија го зголеми својот удел во извозот на гас во ЕУ на 25,2 отсто во декември, што е највисоко од март 2022 година. Еден месец претходно тоа учество беше 18,8 отсто, а пред една година 15,9 отсто.

Вредноста на руските испораки достигна 1,8 милијарди евра, што е за 41 отсто повеќе од бројката од декември 2023 година.

Поврзани вести