Skip to main content

За зимските деца: Најубавите имиња кои во нашите краишта засекогаш ќе бидат врзани за зимата

Во древните времиња децата родени во зимскиот период се чувале за да бидат здрави и да не се разболат заради острата зима. Затоа и се случувало да добијат имиња кои би требало да ги „штитат“. Друга варијанта била имињата да се добиваат според светец или празник.

Овие имиња во нашите краишта засекогаш ќе бидат врзани за зимата, која кај нас секогаш е синоним за студенило, за снег, како и за новогодишни и божиќни празници.

Ви ги претставуваме најубавите имиња за деца родени во зимските месеци.

Никола/Николина

Децата родени во декември, околу Свети Никола, често добивале име по овој голем светец. Името Никола потекнува од латинското „Nicolaus“. Ова име во себе содржи два збора: nika (победа) и laos (народ), па може да се преведе како победник или оној кој носи победа.

Божидар

Божидар е превод од грчките збора „Theodoros“ – „theos“ (Бог) + „doron“ (дар). Ова име се давало на детето кога родителите долго и желно го очекувале, па конечно „Бог им го дал“. Исто така, името традиционално им се дава на децата родени на Божиќ или околу овој празник, како и на Водици, а истото важи и за имињата изведени од него – Божа, Божанка, Божена, Боженка, Божимир, Божимирка, Божина, Божица…

Андреј/Андријана

Името потекнува од грчкиот збор „Andreas“, со значење „храбар, мажествен“. Во разни варијанти името е популарно во сите европски јазици, благодарение на тоа што така се викал еден од дванаесетте апостоли.

Стефан

Ова име со грчко потекло е варијанта од грчкото име „Stefanos“ што значи „венец“ или „круна“. Во преносно значење името значи „оној кој е крунисан, кој е овенчан“. Им се дава на децата родени во јануари, околу празникот Свети Стефан, 9-ти јануари. Други варијации на ова име се: Стева, Стево, Стефанија…

Василиј

Василиј е македонска варијанта од грчкото машко име кое потекнува од зборот „basileios“, што значи царски, кралски. Исто ака може да ја означува и билката босилек која важи за Божји цвет и на која ѝ се препишуваат многу благотворни дејства. Ова име се дава на децата родени во јануари, околу празникот Свети Василиј.

Јован/Јована

Името потекнува од латинските зборови „loan“ „loannes“ што во превод би значеле „Бог е милостив“. Одамна е сеприсутно помеѓу христијанскиот свет. Ова е Библиско и календарско име, а се дава на децата кои се родени на празникот Свети Јован Крстител, на 20 јануари.

Снежана

Име кое во оваа варијанта е популарно во Македонија, но е познато и помеѓу другите словенски народи во поразлична пишана форма, но со исто значење. Името е изведено од „снег“ и машката варијанта одамна се изгубила, но женската и понатаму е прилично популарна. Им се дава на децата родени во текот на зимата за да бидат нежни, убава и „бели како снегот“.