Skip to main content

Маск побара од Американската Служба за внатрешни приходи (ИРС) во рок од 90 дена да достави опис за тоа што прави секоја деловна единица

Американската Служба за внатрешни приходи(ИРС) има рок од 90 дена да достави опис за тоа што прави секоја деловна единица. Службеници од одделот за владина ефикасност ДОГЕ кој го води Илон Маск го посетиле седиштето на американската УЈП.

Вработените во ДОГЕ неодамна добија пристап до критичниот систем за плаќање на Министерството за финансии. Судот подоцна го блокираше пристапот.

Американскиот претседателот Доналд Трамп во четвртокот ја пофали досегашната работа на ДОГЕ, велејќи дека иако тимот ќе се обиде да го истражи работењето на даночната агенција, тој нема да ја затвори агенцијата.

Американската влада синоќа почна да отпушта илјадници вработени во различни владини агенции додека претседателот Доналд Трамп и Илон Маск ја забрзаа „чистката“ од федералната бирократија, јавија американски медиуми повикувајќи се на синдикални извори и вработени.

Во последните 48 часа се испратени мејлови за престанок на работни односи на вработени низ државната администрација, главно неодамна ангажирани.

Тие вклучуваат вработени во Одделот за образование, Администрацијата за мали бизниси, Бирото за финансиска заштита на потрошувачите и Управата за општи услуги, што управува со бројни федерални згради.

Поврзани вести