
„Напуштени простори, напуштени тела, напуштени сеќавања“ е третата етапа од трилогијата на проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици” на Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес.
„Напуштени места“ се однесува на неискористените потенцијали на просторите и културното наследство – места полни со сеќавања, метаморфоза, нови перцепции, регенерација, мистерија, бунт, угнетување.
Оваа локациски специфична театарска претстава ве води низ просториите на Културниот центар НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид, истражувајќи епизоди и моменти од лични приказни, ранливи состојби и спомени. Можеби нешто слично ти се случило и тебе?
Изведбата ве носи назад во минатото и напред во една алтернативна иднина, во која ликовите сонуваат да бидат. Целиот простор е креиран според внатрешниот свет на протагонистката и текот на мисли кои испливуваат на површина, откривајќи одамна заборавени лични ритуали, угнетувања и ветувања. Колку повеќе ликот станува свесен, толку посилна е нејзината потреба да се ослободи од структурите создадени за неа, кои таа самата не ги создала. Таа почнува да го препознава кодот на однесување што се пренесува од мајка на ќерка со векови.
Таа се ослободува товарот на борбата за место во историјата, учејќи како да биде човек, автентична во својата проценка, желби и начини на исполнување на животот, секогаш свесна за она што го остава зад себе откако ќе ја нема повеќе.
Таа е мудра, воин, девојка, заробено битие, мајка, ќерка; таа е исцелителка и пејачка; таа е мрзлива и вредна; таа е сè и насекаде, а може да биде ништо и никаде.
Перформансот е креативен процес на соработка помеѓу тимот на актери и драматург. Експериментално театарско дело, локациски специфичен перформанс, кој ќе ве поведе на лично внатрешно патување и длабока имерзивност.
Време: 16.02.2025, 20:00 часот
Место: НУЦК Григор Прличев, Охрид
Влезот е бесплатен, но сите коии сакаат да присуствуваат на настанот треба да си резервираат место со испраќање на меил на abandonedplaces.mk@gmail.com или порака на: 070250500.
Играат:
Адријана Билаловиќ-Тодороска
Павел Маслов
Билјана Билаловиќ-Велјаноска
Јасмина Василева
Јасмина Билаловиќ
Драматург и режисер: Јелена Вуксановиќ
Текст: колективно авторство на актерите и драматургот
Костими: Павел Маслов
Светло: Илија Левески
Извршен продуцент: Јасмина Билаловиќ
Продуцент: Културен центар МЕДИА АРТЕС
Копродуцент: НУЦК Григор Прличев, Охрид
Партнер во имплементација: КСП Центар-Јадро
Финансиски поддржано од: Амбасадата на Швајцарија во РСМ и Агенцијата за развој и соработка на Швајцарија