
Минатата година бројот на доброволци за служење воен рок во Хрватска е зголемен за 100 отсто во однос на претходната 2023 година, а од годинава на воена обука пристигнале речиси 300, соопшти денеска Министерството за одбрана.
Од 298 волонтери, 254 се момчиња, а 44 се девојки, а меѓу нив, како што се наведува, има и шест врвни спортисти, кои ќе поминат низ скратена програма за обука прилагодена на нивните професионални обврски.
Тие обуката ја започнаа во армискиот центар во Пожега, а командантот Томислав Матиќ вели дека нивната мотивација е подготвеноста да и служат на татковината.