![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/449163806_466825679282218_3405643859325312820_n.jpg)
Амбасадата на Чешка во Скопје известува дека Министерството за образование, млади и спорт на Република Чешка обезбедува четири стипендии за кандидати од Македонија за учество на летни школи по чешки јазик во рамки на проектот за словенски студии.
Две места се обезбедени за летната школа во Плзењ, од 5 до 25 јули 2025, и две места за Брно – од 26 јули до 23 август 2025.
Стипендијата покрива школарина, сместување и исхрана во студентска кантина, а патните трошоци се на товар на самиот кандидат.
Пријавата, апликацијата за пријавување и потребни информации може да се најдат на: https://www.msmt.cz/eu-and-international-affairs/summer-schools-of-slavonic-studies-2025 и на веб-страницата на македонското Министерство за образование и наука www.mon.gov.mk (конкурси). Може да се пријават кандидати и вон конкурсот со сопствено финансирање.
Во објавата на МОН се наведени информации за документите кои треба да ги поднесат заинтересираните, начинот на пријавување и изборот на кандидатите.
Најдоцна до 5 март 2025 треба да бидат доставени апликацијата заедно со потребните документи во два примерока до Министерство за образование и наука, сектор за наука и иновации, улица Свети Кирил и Методиј, бр.54, 1000 Скопје.
Подетални информации и апликациите се достапни и на веб-страницата: http://www.mzv.cz/skopje