Skip to main content

Си играл со вратата, паднала врз него – тешко повредено осумгодишно дете

Вчера во СВР Тетово било пријавено дека околу 14.10 часот во круг на станица за технички преглед во Тетово, осумгодишник од Тетово се играл и ја влечел влезната врата, која притоа се откачила од шините и паднала врз него.

Како што соопштија од тетовската полиција, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

За настанот бил известен и јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Поврзани вести