Skip to main content

Штипското музичко училиште доби донација пијанино

Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михалов“ – Штип денеска од страна на семејство Божинови од Штип доби донација пијанино. 

Директорот на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ –Штип, Илија Ќосевски на прес-конференција рече дека пијаниното за учениците ќе биде од голема важност, за да тие дополнително ги надоградуваат своите знаења. Тој упати голема благодарност до фамилијата, кои што несебично помогнаа да се збогати фондот на инструменти во самото училиште.

-Чест и задоволство ни е да го најавиме новото наше, односно донирано пијанино од страна на фамилијата нашиот добро познат штипјанец д-р Ванчо Божинов. Сакам огоромна благодарност да упатам до неговата фамилија, неговите синови, Даниел и Оливер, кои што несебично помогнаа во нашето образование и кој што дадоа голем допринос со ова нивно дело. Се надевам дека во иднина сите наши сограѓани ќе излезат во пресрет и нивните неискористени можеме да кажеме инструменти можат слободно да ги донираат, доколку им се во неупотреба, а ние со сигурност во нашето училиште ќе ги реобновиме и ќе ги користиме, вели Ќосевски.

Поврзани вести