Skip to main content

Дудуш пријави дека вработен во Град Скопје му се заканувал

Вчера во 13.10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, К.Д.(50) од Скопје – градоначалник на Шуто Оризари, пријавил дека за време на инспекциски надзор на отпад од страна на вработени во град Скопје, кој бил сместен на неговиот имот на подрачјето на Шуто Оризари, Ф.С.(47) од Скопје, вработен во град Скопје, му упатувал закани.

Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.

Поврзани вести