Денеска од 12 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе гостува поетесата Дана Тембелеска.
Профсор д-р Гордана Такец ќе ги промовира двете нови стихозбирки на Тембелевска со наслов: „Капка среќа“и „Наслед (е)на љубов“а авторката сама ќе ги чита сопствените стихови.
Во првата стихозбирка поетесата сонува и пее за подброто утре а во втората книга на пиедесталот е татковината – Македонија. Повеќе прозно отколку лирски во неа ја прикажува суровата реалност.
Дана Тембелевска е поетеса која со силна гласност ја најавува својата поетска мисла. Таа е силна жена, смела и храбра како личност и моќна со стиховите.
Тембелевска, како што вели самата цел живот ја носи во себе љубовта кон пишаниот збор во сите форми. Зад себе има бројни награди и признанија а е член на Литературниот клуб од Прилеп.
Подготвува книга за деца а од неодамна успешно се занимава со пишување афоризми, но и хаику поезија.