Skip to main content

Утре Друштвото на писателите на Македонија свечено ќе ги додели традиционалните годишни награди за 2024 година

Утре напладне, на 13 февраури (четврток) во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ќе се одржи свеченото доделување на традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија за 2024 година.

Добитници на наградите се:

– Жарко Кујунџиски, за збирката раскази „Приказничар“, во издание на „Антолог“ (награда „Стале Попов“, членови на жири-комисија: Лилјана Пандева, Петар Андоновски, Блаже Миневски)

– Иван Џепароски, за збирката песни „Посвети и пофалби“, во издание на „Дијалог“ (награда „Ацо Шопов“, членови на жири-комисија: Катица Ќулавкова, Гордана Михаилова-Бошнакоска, Влада Урошевиќ)

– Иван Антоновски, за книгата за деца „Бакнежи на небото“ во издание на „Едиција Светулка“ (награда „Ванчо Николески“, членови на жири-комисија: Билјана С. Црвенковска, Мито Спасевски, Александра Велинова),

– Наташа Аврамовска, за збирката есеи „Книжевни паметници“ во издание на Институтот за македонска литература (награда „Димитар Митрев“, членови на жири-комисија: Лидија Капушевска-Дракулевска, Дејан Трајкоски, Санде Стојчевски)

– Гордана Јовиќ-Стојковска, за романот „Била једном једна кућа“ во издание на „Слово љубве“ (награда „Мост“, членови на жири-комисија: Сеида Бегановиќ, Тихомир Јанчовски, Лејла Шериф-Емин).

Овој настан, со кој Друштвото на писателите ќе одбележи 78 години од своето основање, ќе биде збогатен и со настапот на Добрила и Дориан Дуо.

Поврзани вести