Skip to main content

Српски медиум објави имиња на регионални новинари за кои се распрашувале Американците – има и од Македонија

Повеќе европски држави вчера изразија подготвеност да соработуваат со работата на администрацијата на Доналд Трамп и разоткривањето на можните злоупотреби во програмите на УСАИД. Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, се понуди да разменува информации за УСАИД со новоформираното одделение ДОГЕ и предложи средба со Илон Маск.

Неспорно е дека средства кои произлегуваа од УСАИД се користеа за политички цели во Словачка, за да се наруши политичкиот систем и да се помогнат одредени политички партии. Со цел да ги издвоиме корисните и полезните проекти од грубото мешање во внатрешните работи на Словачката Република, јас сметам дека е корисно да ви пристапам со барање да ги споделите собраните информации за субвенциите и грантовите кои им биле дадени на невладини организации, медиуми и поединечни новинари кои работеле или работат во Словачката Република. Од нецелосните јавни извори е јасно дека УСАИД ги поддржувал овие страни со субвенции во износ од повеќе милиони долари за релативно краток период на време, пишува премиерот Фицо во пораката до Илон Маск.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан додава дека САД веќе споделуваат информации за овие сомнителни грнатови кои се користеле за политички цели. Па така, во Србија, Информер објави дека американскиот Секретаријат за финансии, преку своето одделение за истраги за перење пари, побарал информации за 20-ина новинари од регионот кои добивале пари од УСАИД. Според informer.rs, САД побарале од земјите во регионот да спроведат истражни дејства за овие лица, вклучително и распит.

Листата што ја објави Информер содржи имиња на двајца новинари кои работат од Македонија – Ана Петрушева и Синиша Јаков Марушиќ – и двајцата дел од регионалната мрежа БИРН. Други познати имиња на листата се Гордана Игриќ, Маркус Танер, Татјана Дробњак, Јета Џара, Кренар Гаши и други.

Според премиерот Орбан, „американската либерално-демократска влада поддржувала каузи кои не се прифатени од сите, како кај нив дома така и на меѓународната сцена“.

На крајот на краиштата се случи да либералната глобалистичка елита го користи американскиот буџет и влада да ги финансира своите финансиски и идеолошки цели со помош на парите на американските даночни обврзници. Овие програми беа претставени како „помош“, но во реалноста тие беа алатка за политичко влијание. Тие кои ги добиваа парите, вклучително и Унгарци, всушност добиваа два вида американски средства. Случајно или не, покрај УСАИД, тие исто така добиваа средства и од платниот список на Сорос, за да промовираат миграција и радикални полови идеологии низ светот, изјави Орбан.

Поврзани вести