Skip to main content

Стапи во сила Регулативата на ЕУ за пакување и отпад од амбалажа

Во ЕУ денеска стапи во сила Регулативата за пакување и отпад од амбалажа, која предвидува нови мерки за справување со еколошките предизвици предизвикани од амбалажата на производите, што би требало да резултира со намалување на емисиите на штетни гасови, на употребата на вода и на трошоците во индустријата за амбалажа.

Паралелно, оваа Регулативата ќе создаде нови можности и за секторите за рециклирање и одржливост, како важен чекор кон обезбедувањето поциркуларна, одржлива и конкурентна економија во ЕУ.

Новите мерки имаат за цел да развијат единствен пазар за секундарен отпад и материјали за повеќекратна употреба, промовирање на рециклирањето и намалување на зависноста од примарните ресурси.

Тие вклучуваат промовирање повторна употреба или полнење, како алтернативи на пакувањето за еднократна употреба, и подобрено информирање на потрошувачите. Амбалажата ќе биде поодржлива и ќе им овозможи на потрошувачите повторно да ја користат и поефикасно да го сортираат својот отпад од амбалажа, со решенија приспособени на специфичните потреби на земјите членки и бизнисите. Регулативата на тој начин ќе ја подобри ефикасноста на ресурсите и ќе ја зголеми циркуларната употреба на материјалите, се наведува во соопштението на ЕК.

Се очекува оваа Регулатива да понуди нови деловни можности, да генерира работни места и да поттикне иновативни решенија за амбалажата.

Тоа ќе ја зголеми и ефикасноста во секторот за рециклирање, а дополнително, ограничувањата за одредени опасни материи ќе ги заштитат здравјето на потрошувачите и животната средина, се додава во соопштението.

Поврзани вести