Skip to main content

Tрамп потврди дека од Украина побарал ретки минерали во вредност од 500 милијарди долари

 Американскиот претседател Доналд Трамп ја остава отворена можноста Украина „можеби некогаш да биде руска“ и повика на размена на американската помош за природните ресурси на Киев, како што се ретките минерали.

„Можеби ќе склучат договор, можеби нема да склучат договор. Можеби ќе бидат Руси некогаш, или можеби нема да бидат Руси“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз. 

„Сакам нашите пари да бидат безбедни бидејќи трошиме стотици милијарди долари“, нагласи Трамп во интервју за Фокс њуз.  Американскиот претседател прецизираше дека од Украина побарал ретки минерали во вкупна вредност од 500 милијарди долари.

На почетокот на минатата недела Трамп веќе побара гаранции за ретките минерали што се користат конкретно во електрониката.

Поврзани вести