Skip to main content

Тројца полицајци се повредени на антивладините протести во Тирана

Тројца полицајци се повредени за време на вечерашните демонстрации во Тирана, јавува албанската ABC News. Тие биле повредени откако демонстрантите фрлале факели врз полицајците. Повикувајќи се на официјални извори, албанскиот новинар Ервин Лека изјави дека еден од полицајците е повреден во окото, еден во раката, а друг во лицето. Факелите ги фрлаа демонстрантите собрани на плоштадот на протестот што го повика лидерот на опозицијата Сали Бериша, веднаш откако тој зеде збор на протестот.

Поранешниот претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета им се обрати на насобраните од затворот и им порача да не гласаат за премиерот Еди Рама на 11 мај.

Мета беше уапсен во октомври поради наводна корупција и непријавување имот, како и активности за лобирање во САД.

Поврзани вести