![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/policija.jpg)
Полицијата во саботата, во подрачјето на Куманово, запленила 2.403 парчиња текстилни производи и обувки од фалсификувани трговски марки од 7 продавници.
На 8 февруари 2025 година, во периодот од 10.00 до 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи по планот за сузбивање на нелегалната трговија со фалсификувани трговски марки, извршија контроли во 10 продажни објекти за текстил и обувки во подрачјето на Куманово“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
При контролата, во 7 од објектите биле пронајдени и одземени вкупно 2.403 пачиња текстилни производи и обувки од фалсификувани трговски марки.
Изготвени се записници за констатирана состојба.