![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/policija3.jpg)
Согласно планот за засилени мерки во сообраќајот на подрачјето на СВР Скопје, во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Скопје спровеле зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот при што казниле 549 возачи, информираше МВР.
Од нив 187 биле за возење со брзина поголема од дозволената, а 36 за управување возила без возачка дозвола. Останатите мерки се однесуваат на останатите прекршоци, од кои најголем број се за погрешно или недозволено паркирање.
Сообраќајните контроли по планот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.