Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ се огласи по денешниот инцидент кога пукна гума на автомобилот во кој се возел на пат кон Мокрин и објасни дека е во добра состојба и дека не е потврден.
По посетата на Меленци отидов во Мокрин пред големото митинг во Кикинда. На пат бев со мојот автомобил. Значи дали пукна гумата, или се случи нешто друго тоа треба да утврдат надлежните и тие ќе го сторат тоа. Пристигнав во Мокрин и влегов во друг автомобил – изјави Вучиќ.
Притоа Вучиќ рече:
Моите од обезбедувањето се многу дисциплинирани. Тие знаат дека не можам да поднесам употреба на ротација, не можам да поднесам луѓе кои инсистираат на ротација затоа што тоа за мене секогаш е доказ не за нечија моќ туку за нивната суета.