![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/befunky-collage-1-1024x1024.jpg)
Во чест на неодамна починатиот мајстор на нео-ноарот и соништата, Дејвид Линч, Кинотеката организираше специјална проекција на неговото ремек-дело „Малхоланд Драјв“. Овој хипнотичен филм е незаборавна комбинација на мистерија, психолошка драма и надреални елементи, кој ја истражува темната страна на Холивуд. Награден со наградата за најдобра режија на Канскиот филмски фестивал, „Малхоланд Драјв“ е еден од највлијателните филмови на 21 век и вистински омаж за Линчовата уникатна визија.
Поради големата заинтересираност за филмот „Мулхоланд Драјв“ на Дејвид Линч на досегашните две проекции од Кинотека информираат дека е закажана уште една проекција:
16 ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА) 20:00 ч.
„МУЛХОЛАНД ДРАЈВ“
(Mulholland Drive)
Игран филм, САД, Франција
2001, 146 мин., колор, 35 мм.
Режија и сценарио: Дејвид Линч (David Lynch);
„Малхоланд Драјв“ („Mulholland Drive“) – Режија: Дејвид Линч