Skip to main content

Мицкоски ќе присуствува на доделување на станови на социјално ранливите семејства во Општина Велес

 Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на доделување на клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Велес (Блок 40-Локалитет 1ГП 2.1).

Како што информираат од владината прес-служба, објектот е со приземје и пет ката, со 29 станбени единици и вкупно изградена површина од 1.843 метри квадратни.

Површината на становите е со површина од 39 м2 до 45 м2, а вкупната инвестиција на објектот изнесува 53.998.717,00 денари без ДДВ.

Во Општина Велес денеска ќе се пушти во употреба и реконструираниот спортски терен.

-Вредноста на проектот е во висина од 23.998.148,70 денари, а средствата се обезбедени од Министерството за спорт. Вкупната површина е 1849м2, односно плоштад  317м2, фитнес терен 95м2, спортско игралиште 1320м2, игралиште за деца 96м2 и пинг понг маса  21м2, се наведува во соопштението од владината прес-служба

Поврзани вести