Skip to main content

Јунајтед вечерва кај Комо, Керик има поддршка кај управата

 Премиерлигашот Манчестер Јунајтед се наоѓа во негативна серија од шест натпревари без победа, а вечерва ги очекува гостување во Лигата на шампионите кај калчолигашот Комо. Серијата без победа трае од 10. септември кога со 4:0 во Лигата на шампионите беше совладан Сабах.

Екипата предводена од менаџерот Мајкл Карик има и една победа во Премиер лигата и се наоѓа на 13.то место. Менаџерот лани ја доби довербата од раководството, а и ги освои симпатиите на навивачите. Но, кога нема резултати – сè почесто се споменува и отказ.

–   Знам дека сум во оваа позиција, имам добар однос, навистина добар однос со сите во клубот. Навистина нема проблеми. Мора да победуваме на натпреварите и тоа е она кон што се стремиме, дефинитивно има делови од нашата игра што мора да ги подобриме за да ги олесниме работите. Целосно сум свесен за тоа, изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед, пред дуелот со Комо.

Натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Комо и Манчестер Јунајтед (3. коло) се игра вечерва со почеток во 18:45 часот

Поврзани вести