![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/ploshtad-1024x552.jpg)
Британскиот Форин Офис издаде предупредување до британските државјани кои планираат да ја посетат Македонија, поради зголемен ризик од тероризам во земјата.
Покрај советот за тероризам, Форин Офисот ги истакнува повремените политички немири во Македонија.
.express.co.uk пишува дека македонските власти спровеле антитерористички операции против осомничени екстремисти поради потенцијалниот ризик од екстремистичките идеологии во регионот.
Туристите се потсетуваат да бидат претпазливи и да бидат подготвени да ги приспособат своите планови доколку е потребно за да се осигура нивната безбедност.