![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot_1-6-1024x524.jpg)
Сега би ја прашал опозицијата кои се тие Уставни судии коишто Мицковски ги навигираше?, праша Премиерот Мицкоски.
Нели така велеа дел од опозициските партии дека по налог на Мицкоски работеле уставните судии. Сега пак по налог на Мицкоски работат? Еве нека излезат сега пред граѓаните и пред јавноста и нека кажат кој ќе ги врати овие 50 милиони? Од „Соравија“ ли ќе ги вратиме? од „Ролс Ројс“ ли ќе ги вратиме? Од инстант фирмите за јаглен ли ќе ги вратиме? Еве нека излезат сега и нека им кажат на граѓаните. Но, она коешто јас вчера со министерката за финансии го разговарав е дека ќе направиме мапирање на тие компании, ќе пристапиме поединечно на сите нив една по една, и ќе најдеме решение. Како и за се друго што наоѓаме решение, така и за ова ќе најдеме решение. Јас сум сигурен дека на крајот од денот и за ова ќе најдеме решение и заедно ќе го премостиме и овој проблем, како и стотици други кои што ги поминавме изминативе месеци, рече Мицкоски.