![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/cinedays-2025.png)
Фестивалот на eвропски филм „Синедејс“, распишува конкурс за пријавување на кратки филмови кои ќе бидат прикажани во рамки на „MK Shorts“ програмата на 24. издание што ќе се одржи од 10 до 15 јули, 2025.
Пријавените филмови треба да се со времетраење до 20 минути, со година на продукција 2023/2024. Истите, може да се во формат на анимиран или игран филм.Конкурсот е отворен до 1 јуни, по кој учесниците ќе бидат информирани во најкус рок, информираат од Младинскиот културен центар (МКЦ).
За учество на конкурсот треба да се испрати мејл со основни податоци за филмот кна е-адресата contact@cinedays.com.mk.