Skip to main content

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер

Министерство за одбрана

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска остварил средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, на која изразил подготвеност за поддршка и имплементација на новиот билатерален план за соработка со Австрија, што опфаќа широк спектар на активности од различни области.

Ја цениме нашата заедничка соработка за која секогаш има простор за унапредување и развој. Преку заедничката одбранбена соработка ги развиваме и јакнеме одбранбените способности на нашите земји, а со тоа ја зацврстуваме и безбедноста, рекол Мисајловски, соопштија од МО.

На средбата, се наведува во соопштението, било заклучено дека преку заедничката одбранбена соработка ги развиваме и јакнеме одбранбените способности на нашите земји, а со тоа ја зацврстуваме и безбедноста на поширокиот регион. цр/са/

Поврзани вести