Skip to main content

Сообраќајна несреќа во близина на Кочани, возач на „спарк“ е тешко повреден

Вчера околу 14.15 часот во Полициската станица Кочани е пријавено дека на магистралниот пат А3, кај крстосница База Гранит – Кочани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „мерцедес“ управувано од А.П.(22) од село Грдовци, и возило „шевролет спарк“ управувано од З.С.(41) од Штип.

Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот З.С., констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Поврзани вести