Skip to main content

Потврдена победата на Лукашенко на претседателските избори во Белорусија

 Централната изборна комисија на Белорусија официјално ги потврди конечните резултати од претседателските избори одржани на 26 јануари и ја потврди победата на Александар Лукашенко.

Според конечните податоци, Лукашенко освоил 86,82 отсто од гласовите.

По него следуваат Сергеј Сиранков со 3,21 отсто, Олег Гајдукевич со 2,02 отсто, Ана Канопатскаја со 1,86 отсто и Александар Хижниак кој освоил 1,74 отсто од гласовите.

Од околу 6,9 милиони гласачи со право на глас, на гласање излегле 85,69 отсто од граѓаните.

Ниту граѓаните, ниту набљудувачите при гласањето и пребројувањето на гласовите не добија поплаки за прекршување на изборниот закон што може да влијае на исходот од изборите, соопшти претседателот на Централната изборна комисија, Игор Карпенко.

Поврзани вести