На добар пат сме да креираме изменета, квалитетна и издражана законска рамка на Законот за локална самоуправа, која ќе одговори на потребите на локалните самоуправи и на граѓаните, а која ќе биде усогласена со позитивните европски практики применливи кај нас, смета министерот за локална самоуправа Златко Перински.
Денеска во Гостивар се одржа третата консултативна средба на која присуствуваа градоначалници, експерти вклучени во процесот и граѓани, што е исклучително битно со оглед на тоа дека можност за предлози и сугестии имаат сите засегнати страни.
Нашата мисија е јасна – подобрување на услугите што ги испорачуваат општините за поквалитетно секојдневие на граѓаните. Убеден сум дека и денешната размена на идеи, иницијативи и коментари ќе помогне во усовршувањето на реформите што ги подготвуваме во насока на поефикасна и отчетна локална власт, а од која најголемата придобивка ќе имаат граѓаните, вели Перински.