Skip to main content

Американските демократи бараат јунак кој ќе му се спротивстави на Трамп

Американските демократи денеска избираат нов шеф, кој ќе има задача да ја обнови партијата што се уште се опоравува од минатогодишниот катастрофален претседателски пораз и да открие како најдобро да се спротивстави на републиканецот Доналд Трамп, јавија американските медиуми.

На состанокот во голем хотел во близина на Вашингтон, членовите на Демократскиот национален комитет, раководното тело на партијата, избираат претседател одговорен за изготвување на нивниот „нов борбен план“.

Ова не е игра шах во која сите ги движат своите фигури напред-назад со почит, темпиран начин. Ова е герилска војна во политичка форма – рече Кетрин Џинс, заменик дигитален директор на Демократската партија на Северна Каролина.

Гувернерот на Мериленд, Вес Мур, демократска ѕвезда во подем, предупреди партијата „да не се крие до следните општи избори“.

Треба да се здружиме и да и покажеме на земјата што можеме да постигнеме – рече тој на генералната седница на партијата во петокот.

Моментот повикува на смелост, додаде Шасти Конрад, претседател на партискиот огранок на државата Вашингтон, предупредувајќи дека многу Американци ја изгубиле вербата.

Тие не ни веруваат дека можеме да ги подобриме работите. Тие не веруваат дека кога ни се дава моќ, дека знаеме како да ја искористиме – рече Конрад.

И борбата започнува сега, додаде таа – не може да се чека до следните претседателски избори, закажани за 2028 година.

Мораме да се организираме во текот на целата година – рече Конрад, кандидат за еден од замениците на партијата.

Меѓу фаворитите да ги водат демократите во иднината се Бен Виклер и Кен Мартин, претседатели во Висконсин и Минесота, соодветно, две соседни држави од средниот запад.

Трамп тесно го доби Висконсин над демократската противкандидатка, поранешната потпретседателка Камала Харис, на изборите во ноември минатата година.

Харис го победи Трамп во Минесота – но, го загуби мнозинството традиционално конзервативни држави во центарот на земјата.

И двајцата кандидати за претседател на партијата се релативно непознати за пошироката јавност.

Поврзани вести