Првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, кој издржува затворска казна во нехумани услови во Велика Британија, веќе трет ден трпи страшни болки, кои се повеќе го водат во полусвесна и несвесна состојба, вели неговата ќерка Соња Караџиќ Јовичевиќ.
Управата и медицинскиот персонал на затворот „Албани“ одбиваат да му помогнат и барем да го заменат катетерот што беше поставен пред три месеци, а по честите блокади, конечно со денови не функционира“, изјави Караџиќ Јовиќевиќ.
Таа посочи дека Караџиќ повторно е во состојба на труење, не од невнимание, туку од јасна намера да биде доведен во неповратна состојба на губење на свеста и неможност да комуницира со правните соработници и семејството, состојба од која тој не може да се опорави.
„Повторно сме соочени со отворен обид за атентат“, нагласи Караџиќ Јовичевиќ.