
Завршен е проектот „Партерно уредување на Градски пазар – Виница“, со вкупна проектна вредност од 8.726.582 денари, реализиран преку Министерството за транспорт.
Со проектот е целосно уреден просторот околу новиот Градски пазар, со што се создадени подобри услови за работа на продавачите, како и попријатна и побезбедна средина за купувачите и граѓаните кои секојдневно го посетуваат пазарот.

Македонски



