Skip to main content

Во Театар Комедија почнаа пробите за „Олд Сејбрук“ во режија на Нина Николиќ

Во Театар Комедија денеска се одржа првата проба за претставата „Олд Сејбрук“ од Вуди Ален, во режија на Нина Николиќ. Претставата е копродукција помеѓу Театар Комедија и продукцијата „Перипетија“.

Во претставата играат: Маја Љутков, Дарија Ризова, Елена Кузманов, Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Тони Денковски и Благој Веселинов.

Костимографка е Ивана Каранфиловска, сценографка Илина Ангеловска, композитор Оливер Јосифовски.

Премиерата на претставата е закажана за 26. март годинава.

Поврзани вести