Skip to main content

Втора победа на македонските ракометарки на турнирот во Анкара

Македонската женска сениорска ракометна репрезентација ја забележа втората победа на меѓународниот турнир во Анкара, совладувајќи ја селекцијата на Италија со 28:27.

Макеоднските ракометарки до триумфот дојдоа со пресврт, откако противникот имаше водство од 13:11.

Најдобри стрелци во македонската репрезентација беа Јована Кипријановска и Сара Ристовска со по шест погодоци, а по четири голови постигнаа Емилијана Ризоска и Катерина Дамјаноска.

Утре во третото коло, македонските ракометарки ќе се борат за првото место против домаќинот Турција.

Натпреварите во Анкара се дел од подготовките за настапот на Македонија на Европското првенство 2026 на кое избраничките на селекторот Игор Марковиќ ќе играат во групната фаза против Швајцарија, Романија и Норвешка. 

Поврзани вести